ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Во Белград нападнати студенти кои блокираат факултети, шестмина од нив завршија во болница

Седуммина студенти, кои во текот на ноќта го блокираа Правниот факултет во Белград, се повредени во три инциденти предизвикани од непознати лица, објавено е на профилот „Студенти у блокади“ на социјалната мрежа Икс.

Како што изјавија, напаѓачите кон студените фрлале стаклени и пластични шишиња.

„Една студентка беше турната по скалите и падна на глава, а потоа заедно со уште пет студенти на Правниот факултет со возило на Итната помош беше пренесена во болница за да ѝ биде укажана прва помош“, напишаа студентите.

По инцидентот, непознати лица пристигнале со возила за да ги отстранат доказите од Правниот факултет, додаваат студентите.

„Според она што го видовме, во делот на работата што ја работиме, тие не се значително повредени. Немаа видливи повреди. Ги имаше вкупно седум“, изјави дежурниот лекар од Итната медицинска помош, јавува Н1.

Студентите бараат лицата што ги нападнале нивните колеги да бидат пронајдени, идентификувани и кривично гонети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button