ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
(ВИДЕО) Застој на сообраќајот кон Стража, снег го спречи движењето на товарните возила

Сообраќајот на патот Гостивар – Кичево, кон планинскиот превој „Стража“, изутринава е во прекин откако товарни возила заглавиле поради снежни врнежи. На патот веќе се формираат колони возила.
Засега нема информации кога сообраќајот би можело да биде нормализиран.