ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Железничка несреќа во Италија, повеќе повредени

Два воза се судрија доцна синоќа во близина на италијанскиот град Фаенца, при што се повредени најмалку 17 лица, од кои повеќето полесно, јави агенцијата АНСА, повикувајќи се на изјави на спасувачите од местото на настанот.

Пожарникарите се уште се на местото на несреќата и се зафатени со обезбедување на патеката.

Причината за несреќата дополнително ќе се утврдува. Според првичната реконструкција, двата воза се движеле во правец на север, како што јави италијанската агенција НСА. Тие не се судриле директно, туку еден воз удрил во друг одзади.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button