КОШАРКАСПОРТ

ВИДЕО / Жесток клинч меѓу Брукс и Грин

Мемфис Гризлис, и без помошта на Џа Морант, славеше убедливо (131:110) против Голден Стејт Вориорс, во еден од најинтересните дуели во НБА лигата изминатата вечер. Белег оставија Дилон Брукс и Дрејмонд Грин кои имаа жесток дуел лице в лице.

 

Гризлите уште по првата четвртина создадоа убедлива предност и поведоа со 48:28. Брукс и Грин ја загреаја атмосферата откако говореа лошо еден за друг во интервјуа, а синоќа беа блиску до инцидент, но тепачка не се случи.

Индијана Пејсерс по продолжение го совлада Хјустон Рокетс со 134:125. Тајлер Халибартон имаше 19 асистенции и продолжи со одличните игри. На последните три меча, играчот на Индијана има вкупно 98 поени и 46 асистенции.

Лидерот во Источната Конференција, тимот на Милвоки Бакс, успеа да слави против Бруклин Нетс со 118:113. Брук Лопез одигра одлично, со 24 поени, десет скока и девет блокади. Ова е рекорден број на блокади за Лопез во кариерата, додека Боби Портис, додаде свои 28 поени и 12 скока.

Резултати:

Детроит – Шарлот 103:113,

Индијана – Хјустон 134:125 (п.),

Орландо – Јута 124:131,

Мемфис – Голден Стејт 131:110,

Милвоки – Бруклин 118:113,

Сакраменто – Њу Јорк 122:117.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button