ЗДРАВСТВО

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

И овој јуни, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, по традиција, во хумана мисија. Во просториите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, реализиравме уште една успешна крводарителна акција, 24 по ред.

Advertisements

Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст, уште еднаш успешно ја реализираше и најновата крводарителна акција, со што  повторно ја докажа својата хуманост на дело. Ова е 24 крводарителна акција која се реализира од страна на нашата компанија.

Акцијата веќе е убава, хумана традиција, која ја практикуваме како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности. На овој начин, Видеолотарија Касинос Австрија дава придонес во спасувањето човечки животи и во промовирање и поттикнување на доброволното дарување крв.

Многукратни се придобивките од крводарувањето. Покрај хуманата цел- спасување човечки животи, кај крводарителите се обновува и регенерира крвта,  а лицата кои ќе дадат десет пати доброволно крв, добиваат бесплатно лекување.

Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години,  со добра општа здравствена состојба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button