ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Викендов автобусите ќе сообраќаат до 23 часот, билетарниците ќе работат вообичаено

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека претстојниов викенд, 8 и 9 мај, автобусите ќе сообраќаат до 23 часот, а билетарниците ќе работат вообичаено.

Од ЈСП Скопје потсетуваат дека и натаму не работи Жичарницата на Водно, а не сообраќаат ниту трите линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), како и туристичката линија „Сити тур“.

Исто така, и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button