СПОРТФУДБАЛ

Викендов натпревари од 28. коло од ПМФЛ

Првата фудбалска лига на Македонија, викендов ни ги носи натпреварите од 28 – то коло, каде ќе се засили борбата за опстанок и излез во Европа, бидејќи трката за титулата веќе е завршена и Шкендија речиси е на чекор до нова титула. Во единствениот натпревар денеска, Ренова го совлада Силекс со 2:1 благодарение на головите на Шефити и Јусуфи. Утре ќе се одиграат уште 5 натпревари, а актуелниот лидер, Шкендија игра на гости против Беласица во Струмица. На другите средби Работнички се среќава со Македонија Ѓорче Петров, Борец го пречекува ФК Шкупи со новиот тренер, Гоце Седлоски, а Струга Трим Лум го пречекува Пелистер. Важен натпревар за опстанок ќе се одигра во Струмица, меѓу Академијата Пандев и Вардар. Сите натпревари од 28 коло стартуваат од 13 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button