ФУДБАЛ

Викендов се одржаа 5-те одложени натпревари од 19-то коло

Почетокот на пролетната сезона во домашниот фудбал, ги донесе очекуваните резултати. Што се однесува до врвот на табелата, Шкендија и Шкупи со нови победи најавуваат борба до крајот на сезоната за титулата. „Црвено-црните“ од Тетово, триумфираа со 1-2 против Силекс. За домаќините единствениот гол го постигна Ивановски во 20-та минута. Шкендија победи со автоголот на Драшковиќ и голот на напаѓачот Дориев за конечни 2-1.

„Успеавме да ги освоиме трите бода кои беа многу важни на тежок терен што не дозволуваше да се игра фудбал и тоа беше проблем. Како и да е, велам дека момците дадоа се од себе, жртвуваа многу за да го вратат резултатот, затоа што направивме грешка во првото полувреме во оние моменти кога противникот ги имаше најдобрите моменти… По секоја цена го баравме третиот гол, го видовте тоа од акциите и шансите, но не можевме да стигнеме до третиот гол. На вакви терени и со противници како Силекс, ако го постигнете третиот гол, тогаш сте многу мирни“, рече Ернест Ѓока, тренер на Шкендија.

ФК Шкупи освои 3 поени на теренот на Борец, благодарение на голот што го постигна Цветановски во второто полувреме. Во другите средби, Ренова беше поразена со 2: 4 од Беласица, Струга Трим Љум играа нерешено 1-1 со Македонија Ѓорче Петров, додека четири гола беа постигнати во Скопје, на ремито 2: 2 помеѓу Вардар и Пелистер. Минатата недела, Работнички на гости ја совлада со резултат 1-0 екипата на Академија П.

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button