ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Викендов во Охрид слетува првата тура странски гости за летово

Странските туристи, по година и половина се враќаат на Охридско-струшката ривиера. Првиот чартер авион со 180 туристи од Полска до охридскиот аеродром ќе слета во недела. Според најавите ако се оди добро ова лето покрај Охридското езеро ќе одмараат помеѓу 3000 и 4000 Полјаци.

И нас трема не фаќа после година и половина немање на странски туристи.Навистина срамежливо само со неколку соби. Но има најави дека од 27 јуни, тоа е за десет дена, дека продажбата подобро ќе оди и се надеваме дека на една неможам да речам добра сезона, но на еден добар почеток после година и пол стагнација.Ние се рекламираме како дестинација за која нема потреба од пцр тест. И сметам дека и тоа е еден плус зошто се одлучуваат да дојдат кај нас годинава – изјави Ана Јанчева-менаџер на хотел во Струга.

За сега не се знае што ќе биде со најбројните до 2019 година, туристи од Холандија. Аранжманите не се откажани, но и понатаму се на чекање.

Последните информации беа дека чекаат одговор од холандската влада, кога ќе можат да почнат да летаат.Се надеваме дека од средината на јули ќе почнат – рече Ана Јанчева-менаџер на хотел во Струга.

Хотелиерите се надеваат и на нашите иселеници во странство.

Очекуваме туристичка сезона на лето од нашите печалбари, кои минатата година не одминаа.Очекуваме оваа година да пристигнат и нормално еден добар процент да го искористат одморот по една недела во Струга. Инаку некоја масовност на туристи од надвор не очекуваме – нагласи Науме Угреновиќ-сопственик на хотел во Струга.

Во Охрид се очекува веќе на наредната седница на советот на општината, да биде донесена одлука за бесплатен паркинг за српските туристи кои летово ќе дојдат во Охрид, на враќање од Грција или пак специјално би дошле овде.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button