
Во петок во Њујорк ќе се одржи аукција на која ќе се понуди виолина од Антонио Страдивари од 1714 година, која се очекува да достигне цена од 18 милиони долари.
Аукциската куќа Сотби процени дека виолината Јоаким-Ма Страдивари вреди меѓу 12 и 18 милиони долари, пренесува американскиот ABC, додавајќи дека виолината би можела да стане најскапиот музички инструмент некогаш продаден.
Актуелниот рекорд го држи и виолината „Лејди Блант“ на Страдивари од 1721 година, продадена за 15,9 милиони долари, што е официјален Гинисов рекорд за најскап музички инструмент.