ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Високи претставници на САД и ЕУ неделава во Скопје

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во рамки на неговата турнеја низ регионот која ги опфаќа и Хрватска, Бугарија и Албанија, утре ќе ја посети Северна Македонија.

Вархеји во Скопје ќе допатува од Софија каде што ќе има средби со претседателот Румен Радев, премиерот Кирил Петков и шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска.

Во Софија тој денеска ќе учествува на конференција за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, насловена „ЕУ се среќава со Балканот. Лекцијата од Украина: Европското проширување – заштита од војна“.

Еден ден по Вархеји, на 28 април, земјава ќе ја посети и помошник државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид во рамки на нејзината турнеја низ државите од Западен Балкан.

Како што соопшти Стејт департментот, Донфрид во Скопје ќе има средби со функционерите на Северна Македонија, при што ќе изрази силна поддршка за преговорите на земјата за влез во ЕУ и ќе се заблагодари за помошта за Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button