МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Димитров ќе учествува на денешната конференција посветена на „Отворен Балкан“

На покана на организаторите – Народното собрание на Република Србија, Српско-американскиот конгрес за пријателство и Источно-западниот мост, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе биде говорник на политичкиот панел во рамки на конференцијата „Отворен Балкан – Пат кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот“. На панелот ќе се афирмира политичкото значење на оваа иницијатива за регионот и од аспект на европската интеграција, а ќе се обратат и премиерката на Србија Ана Брнабиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, како и специјалниот претставник на САД за Западниот Балкан Габриел Ескобар и специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button