ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Влада; нема одговорност за Османи ниту 10 дена по барањето на ДКСК

Нема одговор од кабинетот на вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска на прашањето дали за министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе биде побарана одговорност за прекршување на Етичкиот кодекс на функционерите. Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска за Алсат потврди дека иницијативата за одговорност ја поднеле во кабинетот на Грковска и додаде дека очекуваат одговор. Според Антикорупциска, министерот Османи не смеел да се појави на партиска прес-конференција во работно време.

Согласно Етичкиот кодекс носителите на извршни функции можат да учествуваат во партиски активности како членови на политички партии, но единствено надвор од работното време на институцијата со која раководат. Дополнително, Османи на партискиот прес на ДУИ се појавил со службеното возило од МНР и обезбедување кое го плаќаат сите граѓани, што е исто така спортивно на Етичкиот кодекс. Претходно Османи не негираше за ваквиот настан, но се правдаше дека користел пауза од работното време, која им следува на сите службеници. Реагираше и Македонскиот дипломатски синдикат.

„Големо лицемерие е да се каже дека тој „како и секој друг човек има право на пауза за одмор“ кога одморот во работно време го користел за партиски активности. Османи многу добро знае дека вакво нешто ни случајно не им е дозволено на дипломатите на МНР, кои согласно прописите не смеат да помислат на партиски активности во работно време, па дури честопати незаконски биле дисциплински гонети за настапи во јавност за време на викенд“, велат од Македонскиот дипломатски синдикат.

Дали шефот на дипломатијата Османи ќе сноси одговорност за прекршување на Етичкиот кодекс, нема одговор ниту од Министерството за надворешни работи.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button