ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата да ги исполни барањата на СОНК и учениците во вторник да се вратат на настава, апелира Мицкоски

Владата треба да ги прифати барањата на СОНК и сите ученици да се вратат  на настава од вторник, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по посетата на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“. 

-Јас апелирам да се постигне договор час поскоро и од вторник сите ученици да се вратат онаму каде што им е местото, во клупите. Владата треба да ги прифати барањата на СОНК, а не со нивниот омилен синдикалец којшто напати во  минатото се покажа како верен послушник на политиките најпрвин на Зоран Заев, а сега и на Ковачевски, да прави некакви квазидоговори, рече Мицкоски, повикувајќи  да бидат задоволени барањата на СОНК, на наставниците и на вработените во градинките.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button