ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата го менува возниот парк! Ќе потроши близу 2 милиони евра за изнајмување на возила

Владата договори набавка на нови 45 луксузни возила марка Пасат. Автомобилите ќе бидат изнајмени на три години а за нивно користење од државната каса ќе бидат потрошени нешто над еден милион седумстотини педесет и шест илјади евра. Пресметката вели дека за изнајмување на едно возило за  три години  ќе бидат потрошени без малку 40 илјади евра. Новите возила ќе бидат наменети за владините министри и за странски делегации кои доаѓаат во Македонија.

 

„По три години возилата треба да се вратат во лизинг компанијата. Месечно  едно возило државата ќе ја чини илјада и сто евра, или за сите 45 нови  возила лизингот на месечно ниво ќе чини 49 500 евра.“

Во договорот помеѓу Владата и лизинг компанијата стои и дека сумата која е договорена за 36 месеци користење на возилата нема да се менува само во случај километражата на автомобилите да не надмине 120 илјади километри. Во спротивно за секој изминат плус километар владата ќе треба да плати дополнителни 7,85 денари. Од Илинденска број два за Алсат велат дека

Влада: „Укажуваме дека ваквиот  начин на набавка е најповолното решение зашто, освен за гориво, нема никакво буџетско трошење во период на користење на возилата. Оперативниот лизинг покрива каско осигурување, сервис и резервни делови што со поинаков модел, би паднал на товар на државниот буџет“

А возилата кои сега се менуваат за нови се набавени во 2018 година. И тогаш беа набавени 45 возила за користење на три години. Сега се отвора прашањето дали во оваа здравствено – економска криза министрите чуствуваа неудобност возејќи се во три години стари автомобили марка Пасат, кои се платени со народни пари. Првиот човек на владата премиерот Зоран Заев лани при донирање на возило за брза помош изјави дека иако возилото е старо, технички е исправно и може да служи на граѓаните уште многу децении.

 Возилото е од 2015 година, целосно е во исправна состојба и децении ќе ги служи граѓаните“, рече Зоран Заев, премиер.

Оваа набавка на луксузните возила за министрите доаѓа во време кога Владата наметнува нова давачка за граѓаните која ја нарече еколошка такса и со која цената на горивата трајно ќе се зголеми за нешто повеќе од четири денари. Овој трошок лично премиерот Заев потенцираше дека граѓаните нема да го почуствуваат доколку го намалат користењето на сопствените возила и како транспортно средство употребуваат велосипед или тротинет или пак си купат електричен автомобил.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button