ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата го враќа во употреба „Македонското село“

По седум години со затворени врати, од денес комплексот „Македонско село“ е повторно отворен за  туристите и локалните жители. Владата сака повторно да го оживее проектот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој функционираше само две години. Со овој етно комплекс ќе управува компанијата „La Terraza“, додека месечната исплата на кирија ќе биде 3.500 евра. Толку плаќаа претходните концесионери на хотелите „Kuins“ и „Tineks“.

Advertisements

За да стигнете до комплексот, од центарот на Скопјe, потребни ви се 30 минути со автомобил. Има и автобуска линија, но таа речиси и да не функционира.

Изградбата на Македонското етно село започна во 2011 година, кога владата ја предводеше тогашниот премиер Никола Груевски, а официјално беше отворено на 22 јуни 2016 година. Владата инвестираше 5,2 милиони евра во изградбата на ова село, додека уште 1,3 милиони евра беа потрошени за внатрешно уредување. Трите електрични автомобили за превоз низ селото чинеа 24.000 евра. 4.200 евра беа потрошени за патоказите, а 2.700 евра за корпите за отпадоци. Комплексот се наоѓа на патот за Водно, над селото Нерези.

Се состои од 12 автентични куќи, со простори каде што се презентирани македонски занаети, некои од куќите се користат како хотелски соби, а има и ресторан. Последен пат овој комплекс ги имаше своите врати отворени во 2018 година, а оттогаш, единствените жители беа четворицата службеници за обезбедување. Претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби од 150 илјади евра, додека службата за општи работи на Владата континуирано ги плаќаше трошоците за осигурување, додека загубите достигнаа дури 300.000 евра.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button