ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата ја бојкотираше седницата за трагедиите во Тетово и Бугарија

Власта ја бојкотираше работата на Анкетната комисија за трагедијата во модуларната болница во Тетово и трагедијата со автобусот „Беса транс“ во Бугарија. Пратениците на СДСМ и ДУИ не учествуваа , оневозможувајќи го работниот кворум. Опозицијата оценува дека постапката на мнозинството потврдува каде лежи одговорноста за двете трагедии од минатата година.

Елми Азири, пратеник на АА: „Избегнувањето на дискусијата за последователните трагедии што се случија кај нас, остава сомнеж кај нас како пратеници на опозицијата, остава многу сомнежи во однос на функцијата на институциите во нашата држава, во однос на злоупотребата на институциите кај нас од страна на власта “.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, ја обвинува опозицијата дека злоупотребува трагедии за политички поени. Според него, пратениците не добиле материјал за точките од дневниот ред како што е предвидено со Деловникот на Собранието.

„Секогаш кога се свикува седница на комисија, секако треба да има материјал кој треба да им се подели на пратениците. Немаше материјал на оваа тема. Целта им е Собранието да го претворат во циркус и театар. Целта им е да го злоупотребат Собранието за дневно-политички поени, “ рече Арбер Адеми, пратеник на ДУИ

Во меѓувреме од СДСМ не одговорија зошто нивните пратеници не биле присутни. Во комисијата беше повикан и народниот правобранител, кој исто така не присуствуваше, вклучително и претставници на Министерството за внатрешни работи, правда и труд и социјална политика, кои не  делегираа претставници на состанокот на работното тело. Состанокот на анкетната комисија за трагедијата во модуларната болница во тетово и трагедијата со автобусот на Беса Транс во Бугарија, беше свикана по одолговлекување на судските процеси за расчистување на овие случаи, и молкот на органите на прогонот за непостапување на време за овие трагедии. Пожарот што ја зафати модуларната болница во Тетово остави 14 жртви, а се уште нема осомничени или обвинети за причините кои довеле до оваа трагедија. Во меѓувреме, 45 лица загинаа во трагичната несреќа во Бугарија каде изгоре автобусот на компанијата „Беса транс“. За оваа трагедија се уште нема обвиниение од бугарските власти, додека во Северна Македонија се истражуваат неправилности како автобусот сообраќал без соодветни дозволи, и со можни технички проблеми.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button