ЗДРАВСТВО

Владата ќе ги разгледува преложените мерки против ковид-19

Македонската влада на денешната седница треба да ги разгледа предлог мерките кои се однесуваат на задолжителна вакцинација на здравствените работници и задолжителна ковид-потврда за вработените во јавниот сектор. Министерот за здравство Венко Филипче по вчерашната средба со синдикатите, кои изминатиот период реагираа и бараа вакцинацијата да не се наметнува со присила, изјави дека било договорено работодавецот, а не вработениот да го плаќа ПЦР тестот ако тој не сака да се вакцинира против ковид-19, а вработениот во јавните и приватни установи да добие два слободни платени денови ако се вакцинира.

Филипче додаде дека од Синдикатите побарале од денот на донесување на одлуката, да се дадат 15 денови за да почне да се применува, со цел да се остават денови за едукација на членството во синдикатите. Одлуката за здравствените работници би важела по 30 дена од донесувањето. Министерот додаде дека во земјава не е детектиран “делта плус“ сојот на ковид-19, но дека болниците се полнат со невакцинирани пациенти, односно процентот на невакцинирани, а хоспитализирани се движи до 80 насто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button