ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата ќе префрли 100 000 евра на Охрид за исполнување на препораките од УНЕСКО

Шестте милиони денари или околу сто илјади евра, кои Владата и ги додели на општина Охрид, за исполнување на препораките на УНЕСКО, се недоволни за целосно справување со дивоизградените објекти, сметаат еколошките активисти, бидејки велат на терен секогаш излегуваат непредвидени ситуации кои го зголемуваат тој износ.

„Со вакво паушално, неодлучно, хаотично работење, нам ќе ни требаат години додека се отстранат сите плажи,а да не зборуваме за отстранувањто на сите дивоградби кои негативно влијаат врз исклучителната универзална вредност на УНЕСКО регионот,што општината и државата се обврзани да го спроведат во најкус можен рок“.

Градоначалникот Ѓеорѓиески веќе најави дека ќе продолжи да се руши кај туристичката населба Свети Стефан,но оти ќе бидат отстранети и објектите на неколку охридски плажи. Дел од парите добиени од Владата освен за уривање ќе се наменат и за изработка на урбанистички планови.

„Активностите за отстранување на бесправно изградените објекти ќе продолжат по утврдениот план и динамика веднаш откако ќе завршат тендерските процедури за избор на фирма која ќе го врши отстранувањето.Ќе се пристапи кон отстранување на објекти за кои не постојат правни пречки и објекти кои нема да можат да бидат дел од следните урбанистички планови за крајбрежјето“.

За разлика од Охрид, во Струга, досега немаше никакви активности на терен, а градоначалникот Рамиз Мерко, на неколку пати тврдеше дека во Струга нема дивиградби.

„ Тоа што државата може да го направи е да ги одземе ингеренциите на општината и еднаш засекогаш да покаже дека македонските институции навистина се борат да владее правото во Македонија, а не само декларативно“.

Од општина Струга,не добивме одговор, како и кога планираат да се справат со бесправно изградените објекти на нивна територија.

Miki Trajkoski

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button