ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата не избра наследник на Пауновски, ниту на вчерашната седница

Државниот пазарен инспекторат трета недела нема директор. Владата и на вчерашната седница не назначи наследник на Стојко Пауновски кој го разреши и покрај бурните реакции во јавноста. За да се избере нов директор на Државниот пазарен инспекторат амин треба да даде лично премиерот Зоран Заев.

Само пред една недела на прашање на Алсат, Николовски рече дека очекува директорот да се именува на владината седница која се одржа вчера, но тоа не се случи.

И додека Владата го одолговлекува изборот за тоа кој да директорува со пазарниот инспекторат, вработените во оваа институција немаат земено плата за април. Иако во пазарниот инспекторат платата на вработените се исплаќа меѓу 1 и 5 секој месец, овој пат тоа не е случај бидејќи со разрешувањето на Пауновски, нема кој да ги потпише налозите за исплата на плата во институцијата. И покрај ова, пазарните инспектори одат на терен за да проверат дали деловните субјекти ги почитуваат протоколите за заштита од корона вирусот.

До ваква ситуација во пазарниот инспекторат доаѓа откако Владата го разреши Пауновски, кој јавно се спротистави на вработување во инспекторатот 35 рамковни административци кои ги прераспредели Министерството за политички сиситем и односи меѓу заедниците.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button