ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Владата ограничи купување возила и мебел, ВМРО: Откако веќе „ги спискаа“ парите

Функционерите да ги намалат службените патувања, а нови набавки на мебел и возила ќе има само со дозвола на Владата. Ова се дел од донесените мерки со цел да се намали трошењето на државните институции во време на криза. На секои три месеци функционерите ќе даваат отчет во Министерството за финансии како ги трошеле парите.

„…Секој оној којшто нема да ја почитува таа одлука ќе биде санкциониран согласно Закон за трговски друштва и Законот за работни односи“, рече премиерот Ковачевски.

Но, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека мерките се лицемерни бидејќи Владата веќе потрошила илјадници евра за, како што велат, разни непотребни набавки.

„МВР изминатиов период откако знаеле дека ќе има економска криза, наместо да прекинат со такви постапки за непродуктивни трошоци, набавиле мебел во вредност од 250.000 евра, внимавајте 250.000 евра. Секретаријат за европски прашања, каде што од пред неколку месеци е Бојан Маричиќ, си набавил мебел и услуги за перење автомобили во вредност од 700.000 денари…“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО- ДПМНЕ.

Денеска од Центарот за граѓански комуникации излегоа со анализа дека во последните две кризни години, институциите купиле 142 нови возила за кои платиле 3,6 милиони евра. Најскапото чинело 47 илјади евра, а речиси 40 проценти од новите возила чинеле повеќе од 30 илјади. Владината служба за општи и заеднички работи купила најмногу автомобили, 45.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button