Владата отвори пат за третиот мобилен оператор во земјава
Владата отвори пат за третиот мобилен оператор во земјава
Трет оператор тропа на вратата на телекомуникацискиот пазар во земјава. Владата доби официјален допис од унгарската мобилна компанија „4iG“ да се натпреварува како трет оператор во Македонија. Првите сигнали од извршната власт се дека на домашниот пазар му треба зголемување на конкуренцијата и намалување на цените на услугите во фиксната телефонија, мобилната, интернет и кабелската телевизија ИПТВ.
„Оваа иницијатива ветува значителни придобивки за двете страни, а може да биде особено корисна за граѓаните, бидејќи и нашата земја и Групацијата 4iG споделуваат заедничка визија за општество со напредни и дигитални врски„, велат од Влада.
Никица Мојсоска од Организацијата „Македонија 2025“ рече дека трет оператор во земјава е неопходен подолго време.
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски на 1 август во Будимпешта се сретна со претседателот на „4iG Group“, Гелерт Јасзаи, кога беа дадени првите знаци дека „ONE“ има интерес да дојде во Македонија. Јавноста ја перцепира можноста трет оператор да влезе во телекомуникацискиот сектор како дел од поширок пакет за соработка, кој ќе започне со заемот од 500 милиони евра од Унгарија. Но, во директната комуникација што ја имавме со претставниците на унгарската компанија „4iG“, ни рекоа дека нивен интерес е да инвестираат во развој на дигиталната инфраструктура и да работат согласно планот за проширување во Западен Балкан. „4iG Grup“ веќе две години работи во две земји од регионот, во Црна Гора и Албанија преку својот телекомуникациски бренд „ONE“./Алсат.мк
Аднан Ќаили