ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Владата повторно ветува пруга кон Бугарија

Владата не се откажува од изградба на пруга кон Бугарија. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ова инфраструктурно поврзување со источниот сосед сега го најавува како најважен капитален проект, но за идната година. Првичната проценка е дека железничкото поврзување со Бугарија земјава ќе ја чини најмалку 600 милиони евра.

„Оваа пруга е апсолутно потребна, не само поради патничкиот транспорт, туку и за товарниот транспорт. Ние во моментов имаме товарен транспорт од кој со 90 отсто е обемот, а 10 отсто е патничкиот транспорт. И затоа сметаме дека овој коридор е значаен и ќе даде предност на нашите компании“, вели Бочварски.

До март идната година ресорниот министер уверува дека ќе се најде изведувач за да ги заврши првите две делници на пругата кон Бугарија. Догодина од државната каса се предвидени близу 30 милиони евра за градежни работи. Според планот, долж целата траса треба да се изградат 91 мост и 32 тунела за да се стаса до бугарската граница. Пред неколку месеци германска градежна фирма се откажа од работата на пругата, а владата најави тужба против неа. Инаку, пругата кон Бугарија е предизборно ветување уште од 1993 година и се актуелизира низ партиските програми пред секои парламентарни избори досега.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button