ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата сè уште не открива дали на Украина сме ѝ дале авиони и хеликоптери

Министерството за одбрана продолжува да ги чува како тајна донациите за Украина. Министерката Славјанка Петровска вели дека Владата донела три одлуки за воени донации за Украина и тие се објавени, но деталите за опремата и вооружувањето не можат да бидат објавени од безбедносни причини. Петровска потврди дека на Украина ѝ биле подарени тенкови „Т-72“ без да го открие нивниот број, но не кажа ништо за донацијата на авиони и хеликоптери за што медиумите објавуваа пред десетина дена.

Од Генералштабот на армијата објаснија за новинарите дека тенковите кои ѝ беа донирани на Украина не биле употребливи и долго време не биле сервисирани. За оружјето што се одлеа, Армијата на С Македонија ќе добие како донација помодерно оружје од земјите партнери. Министерката Петровска додаде дека Армијата е во процес на снабдување со дел од лесната воена опрема, но не планира да се опремува со хеликоптери.

Од Министерството за одбрана и од Генералштабот велат дека ќе продолжат да ја опремуваат армијата со лесно оружје и униформи, а предвидуваат и потешко оружје, но за подолг временски период за да се исполнат барањата на НАТО.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button