ЕКОНОМИЈА

Владата со ДДВ ќе ја спасува кризата – наместо да ги оданочи најбогатите компании

Историски највисокиот буџет изгласан до сега во Република Македонија, во време на економска, здравствена и енергетска криза, целосно потфрла во полето на социјалните политики, реагираат денеска од опозициската партија Левица.

Во нивното соопштение меѓудругото се додава:

„Предлог буџетот кој што Владата го усвои за време на изборната кампања, а го објави ден после изборите, како не би им наштетила на сопствените кандидати, на реален начин ја отсликува целата досегашна работа на коалицијата на социјалдемократите предводена од нивните „зелени“ коалициони партнери – ДУИ.

Имено, предлог-буџетот за 2022 година предвидува зголемување на приходите остварени преку ДДВ за 14.8% проценти во однос на ребалансот на буџетот од 2021. Ова е делумно очекувано да се случи, доколу Владата манипулира за енергетската криза и истата навистина резултира со поскапена струја и доведе до зголемена инфлација во 2022 година, осиромашувајќи го народот и задолжувајќи го по лихвари и банки.

Од друга страна, нема да е прв пат проектираните приходи во предлог-буџетот да се намерно повисоки во одредени ставки, само за да се затскрие намерата на Владата уште повеќе да нè задолжи во текот на годината и да ги коригира приходите во конечната реализација на буџетот.

Ваквата структура на јавните приходи потврдува дека повторно товарот на кризата ќе го понесат обичните граѓани и најсиромашните, без никаква социјална компонента за фер и правична распределба на богатството во најсиромашната држава во Европа, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button