ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата усвои нови стратегии за олеснување на конфискацијата на нелегално стекнатиот имот

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на нелегален имот заедно со Акцискиот план за 2025-2028. Стратегијата предвидува измена и усвојување на некои закони, но и воспоставување на механизми за што поефикасна конфискација на нелегалниот имот во рамки на релевантните институции.

Advertisements

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, објаснува за Алсат дека оваа Стратегија создава систем кој има поструктуриран и систематски пристап.

„Конкретните мерки се функционализација на Агенцијата за повраток на имот, реков има 1.5 луѓе кои се ангажирани цело време , тотално недоволно за било каков вид на финансиска истрага, на државно или светско ниво, како што е мандатот на  оваа канцеларија. Ќе ја разгледаме законската рамка затоа што сме разговарале со обвинителството и судството, и сме забележале дека постојат значителни недостатоци во однос на законот за конфискација во граѓанските постапки, кој е најлесниот начин за одземање на нелегалниот имот, но дека сегашниот систем го овозможува и не дозволува оваа практика да се генерализира“, рече Фетаи.

Стратегијата предвидува зголемување на буџетот и повеќе вложување во човечките ресурси на институциите кои треба да ги реализираат задачите  за конфискација на нелегално стекнатиот имот. Додека за следење на спроведувањето на мерките, формиран е Национален совет, кој континуирано ќе го следи процесот.

„Во рамките на новата Стратегија за прв пат воведовме Национален совет за финансиски истраги и конфискација на нелегален имот, со кој ќе претседавам како вицепремиер, и ќе биде составен од сите одговорни министри, министерот за внатрешни работи, министерот за финансии, министерот за правда, директорот на Царината, директорот на Агенцијата за управцување со одземен имот“, додава Фетаи.

Со новата стратегија предвидена е и обука на службениците во различни агенции, јакнење на капацитетите на Агенцијата за управување со конфискуван имот, но и формирање на специјализиран сектор во Управата за финансиска полиција. Во рамки на законските измени се очекува да има нов закон за кривична постапка, нов закон за Царинска управа, но и за девизна дејност, Финансиска полиција и банки.

Треба да се формираат мешани тимови за финансиски истраги помеѓу институциите во земјата, но и да се зголеми соработката со европските агенции. Меѓу мерките е и создавање на електронска база на податоци.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button