ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Власта ги одби сите амандмани на опозицијата за буџетот

Една милијарда денари да се одвојат за субвeнции на фотонапонски панели за домаќинствата за производство на струја, и да се зголемат субвенциите за вградување на плински уреди во автомобилите. Ова се дел од предложените амандмани од опозицијата за предлог буџетот за 2022. Министерот за финансии Фатмир Бесими ги одби амандманите, со образложение дека и во владината програма за зелен развој, но и во одредени мнистерства се предвидени пари за вакви субенции.

„Во делот на програмата за зелен развој стои дека Генералниот секретаријат ќе предложи прогами како институција, во многу други слични ставки од буџетот кои се реализираат од буџетски корисници тие програми се носат по носење на буџетот во Собрание. Пред да имаме изгласан буџет не може да почне ниту една програма затоа што немаме документи врз основа на што ќе се подготват програмите“, рече Бесими.

Пратениците од ВМРО- ДПМНЕ побараа увид во програмата зелен развој бидејќи од предложениот буџет не може да се види колку пари се планира да се одвојат за вакви субвенции.

„Малку е неблагодарно ние вака да чекаме што ќе биде во таа програма зелен развој откако ќе се изгласа буџетот а во меѓувреме сите ваши оправдувања зошто не се прифаќаат особено овие амандмани од еколошки карактер да се сведуваат на образложение дека тоа е предвидено во програмата зелен развој. Кажете ни точен назив на програмата, точни суми и за што, бидејќи овие амандмани се дадени врз основа на тоа што нема увид во буџетот што значи зелен развој“, изјави Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од ВМРО- ДПМНЕ.

Пратениците во комисијата досега расправаа за десет амандмани од вкупно 200 поднесени. Амандманската расправата ќе трее уште два дена,за потоа текстот да се достави до Владата која треба да ги вгради прифатените амандмани. Очекувањата се дека до 10 декември ќе биде изгласан буџетот.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button