ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Власта и опозицијата предложија нови уставни судии

Власта и опозицијата предложија нови уставни судии

Власта и опозицијата во Собранието конечно се обврзаа да направат чекор напред во изборот на нови уставни судии. Во Комисијата за избори и именувања почна расправата за процедурата која со месеци е во застој. Имињата предложени од политичките партии треба да го поминат филтерот во Комисијата и подоцна да бидат гласани на пленарна седница. На листата на кандидати се актуелниот главен јавен обвинител Љубомир Јовески, потоа Татјана Васиќ, Фатмир Скендер, кои се владини предлози, а Саво Климовски, Родна Живковска, Тодор Витларов, Бранко Секулоски, Весна Јовановска и Воислав Тимовски се предлози на опозицијата. Од сите нив, треба да бидат избрани само четворица.

Кандидати за уставни судии

Предлози на мнозинството

  • Татјана Васиќ
  • Љубомир Јовески
  • Фатмир Скендер

Предлози на опозицијата

  • Саво Климовски
  • Родна Живковска
  • Тодор Витларов
  • Бранко Секулоски
  • Весна Јовановска
  • Воислав Тимовски

Но, опозицијата смета дека треба да се сменат правилата, односно да има потранспарентна процедура за избор на уставни судии, без директни предлози од партиите.

Слично мислење имаат и некои од пратениците од мнозинството.

Мнозинството не го негира фактот дека треба да се ревидира деловникот и да се смени практиката за избор на уставни судии, но инсистира досегашната постапката засега да продолжи.

Уставниот суд со месеци функционира само со пет од вкупно девет судии. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button