ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Власта растрчана по енергенси „во 5 до 12“

Власта растрчана по енергенси „во 5 до 12“

На помалку од еден месец на стартот на грејната сезона во Скопје одговорните за енергетиката во земјава се растрчаа по регионот да бараат гориво. Се бараат јаглен, плин и мазут за да може да работат термоелектраните. bet365 sports По вчерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека во Македонија ќе испорача гас за производство на струја, Алсат дојде до неофицијална информација дека количините на гас од Србија во петок во Белград ќе ги договара висок претставник на власта. Но, информациите велат дека за возврат Македонија на Србија ќе треба да ѝ продава струја. لعبة البلاك جاك

А, министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека денеска на онлајн средба со бугарските претставници од енергетската работна група ќе ја договараат цената на струјата која треба македонската влада да ја купи од Бугарија. Според нашите извори, договорот на бизнисмените и властите од Македонија е струјата од Бугарија да не биде поскапа од 200 евра за мегават час. لعبة روليت مباشر Но, денеска Бугарија струјата на берза ја продава двојно поскапо. За преговорите помеѓу македонските и бугарските власти да не бидат залудни, се чека одлука на Европската комисија со која ќе се ограничи цената за мегават час и ќе има можност за билатерални договори, а не продажба само на берза.

Засега според официјалните информации, властите договорија 800 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола и 200 илјади тони мазут за електраната во Неготино за да може да функционираат два котли. Од Албанија за следнава грејна сезона се договорени 400 илјади тони јаглен. Според најавите, утре ресорниот министер ќе патува за Турција од каде ќе се бараат дополнителни енергенси.

Од Регулаторната комисија за енергетика за Алсат веќе соопштија дека државните електрани ќе треба да произведат четири милијарди киловат часови струја оваа година за граѓаните да бидат сигурни дека ќе има струја. Ако Владата не успее да го направи тоа од сопствените капацитети, тогаш земјава ќе има сериозен проблем бидејќи ќе мора да увезува од странство по енормно високи цени.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button