ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Власта тврди – историските прашања со Бугарија нема да ги оптоваруваат преговорите со ЕУ

Власта тврди - историските прашања со Бугарија нема да ги оптоваруваат преговорите со ЕУ

Отсуството на билатералниот Протокол во преговарачката рамка е најголемата измена во официјалниот француски предлог, за разлика од нацрт-верзијата која се појави претходно во медиумите.

Наместо Протоколот, во рамката сега влегуваат годишните прегледи за имплементацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија. Според домашните власти, тоа што билатералниот Протокол не е во преговарачката рамка значи дека историските прашања нема да го оптоваруваат преговарачкиот процес.

“Секако дека било која држава членка на ЕУ, во било кој момент од процесот доколку одлучи, може да блокира. Тоа се покажало на други држави повеќепати, но ние имаме гаранција дека, имаме напишано на хартија, сите наредни чекори и сите формати и механизми на решавање на разликите. Тоа ни е гаранција дека нема да може своеволно било која држава, во случајот и Бугарија да се повикува на ветото доколку ние си ги исполнуваме обврските и преговараме така како што ни е одредено во преговарачката рамка“, рече Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања.

Според шефот на дипломатијата Бујар Османи овој Протокол, на кој работеа двете министерства за надворешни работи, може да се потпише кога би била усвоена и преговарачката рамка.

„Доколку Владата донесе одлука после консултативниот процес дека го одобрува пакетот, тогаш јас можам веднаш да организирам средба на меѓувладината комисија со Република Бугарија и да пристапиме кон потпишување на протоколот. Мислам дека тоа временски би коинцидирало со истиот ден кога Советот на ЕУ ќе ја усвои преговарачката рамка и целиот овој француски предлог“, изјави Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Што се однесува до прашањето за јазикот, Османи брифираше дека постои чиста формулација за македонскиот јазик, без никакви дополнителни појаснувања. Бугарската страна може да го изнесе својот став за јазикот, но таа унилатерална изјава на Софија ќе биде содржана во записникот од средбата во Брисел, но не и во преговарачката рамка.

Во однос на влијанието на уставните измени за внес на Бугарите врз преговарачкиот процес, Османи на брифингот додаде дека уште веднаш може да се свика Меѓувладина конференција и да започне скринингот, а Втората меѓувладина конференција, со која би започнале отворањата на преговарачките кластери, ќе се случи веднаш штом Скопје информира дека го завршил процесот на измени во Уставот./Alsat.mk

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button