ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Власта уште еднаш кажа дека прашање на денови е кога ќе пристигнат вакцините против ковид 19

Македонија сè уште нема вакцини. Министерството за здравство не дава нови детали околу постигнувањето на нарачаните дози. Премиерот Зоран Заев рече дека причина за одложување на набавка на вакцините е недоволната количина на нивно производство од страна на компаниите, а не по вина на нашите институции.

До денеска, во Македонија се обезбедени околу 8.000 вакцини Фајзер, како донација од Србија со која се имунизираат здравствените работници. Од почетокот на вакцинацијата пред две недели, вакцинирани се 2.680 здравствени работници. Бројот на граѓани заинтересирани за вакцинација значително се зголеми. Преку веб страницата се пријавени 46.414 граѓани, додека преку матичните лекари 56.784 граѓани. Покрај Македонија, Србија донираше вакцини на Црна Гора и Босна и Херцеговина. Во Албанија, покрај здравствените работници, вакцинирани се и стари лица над 70 години. Вчера, во Албанија пристигнаа уште 15.210 дози вакцини Фајзер. Вакцинацијата во Албанија започна пред еден месец со првите 1.170 вакцини исто така од „Фајзер“.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button