ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Властите негираат дека има многу смртни случаи од КОВИД поради недостиг на кислород во болниците

Зголемената смртност последниов месец од коронавирусот предизвика сомневања дека пациентите можеби починуваат поради недостиг на кислородна терапија во болниците. Тоа всушност може да биде последна причина, велат здравствените власти. Земјава има доволно резерви на боци со кислород, велат домашните производители. Една од компаниите која снабдува неколку приватни и јавни болници во земјава, информира дека имаат резерва на кислород за 1 месец.

Беќаровски вели дека само оваа компанија може на дневна основа со кислород да снабдува и други држави во регионов. Од Министерството за здравство пак, велат дека сите инфективни одделенија на клиниките имаат постојано снабдување со кислород за пациентите.

„Сите клиники и општи болници кои се опремени со централен систем на снабдување со кислород имаат доволни количини. Освен тоа, секое инфективно одделение поседува и боци со кислород“, наведуваат од министерството за здравство.

Загриженоста во јавноста за можен недостиг на кислород дојде по бројните смртни случаи во болнички услови во инфективните одделенија каде пациенти со Ковид-19 се лекуваат со кислородна терапија. За последната истрага, каде 41-годишна пациентка почина во штипската болница, Државниот санитарен инспекторат му даде рок од три дена на директорот Ален Георгиев да информира за сите сомневања на медицинскиот персонал.

Од овој Инспекторат информираат дека во последните два месеци се спроведени истраги за други пациенти – еден од Свети Николе, еден од Ресен и еден од Струмица. Во моментов, за сомнителни смртни случаи во болнички услови, истрагите продолжуваат за уште 4 случаи од Тетово, Битола, Кавадарци и Крива Паланка.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button