МАКЕДОНИЈА
„Влен“ за барањето на ДУИ за оставка од претседателот на Уставен: Тие најпрвин да побараат оставка од своите членови
Башким Асани од коалицијата „Влен“ на денешната прес-конференција, коментирајќи го барањето на ДУИ за итна оставка од претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, нагласи дека тие најпрвин треба да побараат оставка од своите членови.
– ДУИ оставки најпрвин треба да бара од своите членови на партијата. Од претседателот, потпретседателот, па по ред, од сите. Чесните членови на ДУИ мора да станат да постават шатори во Мала Речица и да бараат ослободување на партијата од сенки и корумпирани кукли. Ова е единствениот начин да се спаси она што остана од оваа партија. „Влен“ секогаш ќе се залага за Албанците и ќе се бори за ослободување на политиката корупција и измами, рече Асани.