ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

ВМРО бара итни протоколи против мајмунски сипаници

ВМРО бара итни протоколи против мајмунски сипаници

Засега нема случаи на мајмунски сипаници во земјава. По 5 дена неизвесност резултатот од тестот на кичевчанецот, кој беше осомничен дека е заразен, излезе негативен. Имаше и уште еден случај, но и тој исто така беше негативен, оној на мигрантот од Сирија. Но, според ВМРО ДПМНЕ не треба да има неизвесност кај граѓаните иако засега нема потврдени случаи. Итно бараат да се усвои протокол за справување со оваа заразна болест.

Од СДСМ велат дека состојбата добро се менаџир и оти опозицијата не знае друго освен да шири паника меѓу граѓаните.

Според податоците на Светската здравствена организација, Европа во моментов е најпогодена од мајмунски сипаници, со 55% од потврдените случаи во светот. Најмногу има во Шпанија, Велика Британија, Германија и Франција.

Претставниците на Светската здравствена организација во Македонија препорачуваат дури и во земјите кои сè уште не пријавиле случаи на мајмунска сипаница, властите одговорни за јавното здравје брзо и значително да ги зајакнат националните капацитети за надзор, истрага, дијагноза и следење на контакти, се со цел да се идентификува и следи секој можен случај./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button