ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО бара оставка од Спасовски, МВР тврди – немале врска со затворската полиција

ВМРО бара оставка од Спасовски, МВР тврди - немале врска со затворската полиција

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по бегството на осуденикот од Идризово. Според македонската опозиција, Спасовски е одговорен за тоа што полицаецот кој претходно добил отказ поради кривично дело земање поткуп, бил повторно ангажиран, а потоа дури и унапреден во затворот Идризово. „Тој не само што е министер во МВР, туку е и човек кој го вратил Димитриевски на работа по извршувањето на делото и го унапредил во командир. Спасовски не може да избегне одговорност“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Но, од МВР одговорија дека надлежно за затворската полиција е Министерството за правда, односно Управата за извршување санкции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button