ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО бара оставки од Ковачевски, Османи и Маричиќ

ВМРО бара оставки од Ковачевски, Османи и Маричиќ

Опозицијата инсистира на оставки на премиерот, вицепремиерот за европски прашања и министерот за надворешни работи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека бугарското вето е последица на слабата дипломатија што ја води власта во Скопје, која според опозицијата, одамна ги урива државните позиции. Сепак, во моментов не е планирана иницијатива за интерпелација на Османи и Маричиќ.

Но, Маричиќ го впери прстот на друго место. Не зборувајќи конкретно, туку алудирајќи на македонската опозиција, Маричиќ вели дека дејствијата на опозицијата ја поткопуваат државната стратегија за надминување на бугарската блокада.

Но, оставка од Маричиќ и Османи не бара само ВМРО, туку и Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, коалиционен партнер на СДСМ во Владата. Во меѓувреме, шефот на Комисијата за надворешна политика во Собранието, Антонио Милошоски, му одговори на министерот Османи за неговиот став дека успехот или неуспехот кон ЕУ зависи од два збора: „протокол“ и „отворање“. Според Милошоски, нема потреба од два збора или наводници, туку од само еден збор, а тоа е зборот – оставка./Alsat.mk

Адријан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button