ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност по несреќа на автобусот на „Беса Транс“

Од ВМРО ДПМНЕ бараат одговори и одговорност по страотната несреќа на автобусот на „Беса Транс“ во која животот го загубија 45 патници. Опозицијата бара Владата да каже како е можно автобусот без лиценца за меѓународен транспорт да ја напушти државата и тоа 135 пати. ВМРО – ДПМНЕ обвинува за низа пропусти во системот, како и за сомнежи за злоупотреби, криминал и корупција.

„Како е возможно Царинската управа на кобното патување овој автобус и останатите три од конвојот да не ги евидентирале во системот? Тука има и уште една контрадикторност. Министерот Бочварски тврди дека според неговите информации во конвојот патувал само еден автобус на Беса транс, а другите три биле изнајмени, а директорката на Царина Кутиров посочува дека сите автобуси биле од една иста компанија? Ако сите автобуси биле од една иста компанија, тогаш како може на толку далечно патување да се испратат четири автобуси, од кој еден не ни имал лиценца, а компанијата да има пријавено само четири возачи?“, изјави Миле Лефков, ВМРО – ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button