ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ бара поддршка за амнестија на осудените од 27 април

ВМРО ДПМНЕ бара поддршка за амнестија на осудените од 27 април

ВМРО-ДПМНЕ бара целосна амнестија за 27 април, и за лицата кои се веќе осудени на неколку години затвор. Пратеничката група на оваа партија предложи конкретен закон во Собранието и бара поддршка од другите пратеници.

Овој процес, според опозициската партија, може да се развива паралелно со жалбениот процес за казните што адвокатите на обвинетите ги доставија до Врховниот суд, а осудените да бидат амнестирани без разлика на одлуката на Судот.

За СДСМ е неприфатлива амнестијата на осудените за крвавите случувања во Собранието.

За првиот предмет за 27 април имаше 33 обвинети лица, од кои 15 беа амнестирани во пресрет на уставните измени за промена на името на државата. Петмина од амнестираните беа пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои подоцна гласаа за уставните измени за името. Амнестирани се и дел од водачите на протестите кои претходеа на 27 април. Судот осуди 16 други на 188 години затвор. Најголема казна доби поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков.

За вториот предмет судот донесе пресуда од 25 години затвор за обвинетите. Меѓу „организаторите на 27 април“, се и поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот прв човек на Собранието Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски. Во вториот случај обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот прв човек на УБК Никола Бошковски. Против нив немаше судски процес бидејќи не се достапни за правдата./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button