ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара прекинување на пописот преку иницијатива за укинување на законот

ВМРО-ДПМНЕ формално предложи укинување на Законот за попис. Комбинираната иницијатива на партиските пратеници со над 100 илјади потписи од граѓаните е пуштена во собраниска постапка.
За СДСМ, започнатиот процес на попис се спроведува според европските стандарди.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива го повтори ставот дека проблемите со пописот се предизвикани од уставните одредби за дефинирање на албанскиот како јазик од 20 отсто. Сепак, албанскиот опозициски субјект го поддржа законот за попис.

„За жал, пописот е политизиран. И сè додека е политизиран, ги има овие проблеми. Вакви проблеми секогаш ќе има сè додека не се коригира членот од Уставот каде што албанскиот јазик е дефиниран како јазик на 20%“, рече Халил Снопче, Коалиција АА-Алтернатива.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека не е против попис, но дека не треба да се спроведува врз основа на постојните законски норми.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button