МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ и ДУИ да се извинат за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата за Рамковниот договор

Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение побара власта да се извини за омаловажувањето на македонскиот јазик за време на прославата на Охридскиот рамковен договор кога водителката беше исвиркана затоа што проговори на македонски јазик.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека илјадници евра биле потрошени за партиската прославата на која се исвиркуваше македонскиот јазик и додаваат дека по два дена нема никаква реакција од страна на власта.

„Ковачевски, Груби и останатите функционери од оваа неспособна власт треба веднаш да се оградат, осудат и извинат на македонските граѓани за скандалот со омаловажувањето на македонскиот јазик за време на таканаречената прослава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека за оваа прослава биле потрошени над 100 илјади евра за пејачи и гоштавања на функционерите на ДУИ во време на економска и енергетска криза.

„Додека во Тетово нема вода за пиење, додека десетици села во полошкиот крај газат во кал, додека во Арачиново абер нема од ветената канализација, криминалците од ДУИ и СДСМ трошат пари на граѓаните за партиски забави. Нема ден, без скандал на криминалната и тендерашка власт на СДСМ и ДУИ. Потребни се брзи парламентарни избори за да се стави крај на ова неодговорно владеење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во саботата на плоштадот „Секндербег“ во Скопје се одржа „Мировен фестивал“ по повод 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, меѓутоа, забавата организирана од министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби почна со исвиркување на водителката кога се обиде најавата на прославата да ја прочита и на македонски јазик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button