ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Филипче кодоши кај соседите и ѝ наштетува на државата

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 35-годишнината од основањето на партијата, го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека ја кодошел земјава кај соседите. Тој остро го обвини својот политички противкандидат дека со своите постапки нанесува штета на националните интереси.
За корупцијата и предавството во изминатите 7 години, покрај СДСМ, Мицкоски во својот говор три пати ја спомена и ДУИ, нагласувајќи го нејзиното криминално владеење и аферите во кои досега се вмешани нејзините поранешни функционери
На обвинувањата на Мицкоски, СДСМ одговори прашувајќи го кога ќе го врати старото уставно име.
Суад Бајрами