ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ и денес продолжи да блокира патишта во главниот град и во 10 други градови во земјава

ВМРО-ДПМНЕ и денес продолжи да блокира патишта во главниот град и во 10 други градови во земјава. Македонската опозиција и денес ја обвини Владата дека продолжува тајно да преговара со бугарската страна за македонскиот идентитет и јазик. Пратеникот Антонио Милошовски изјави дека тајните преговори на двоецот Зоран Заев-Владо Бучковски со официјална Софија, докажува дека Договорот со Бугарија потпишан пред години не ги решил проблемите меѓу двете земји, како што тврдеше тогашниот премиер, но предизвика други проблеми . Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата мора јавно да ги објави преговорите со Бугарија, во спротивно протестите и блокадите на патиштата ќе продолжат барем до петок, но со можност тие да продолжат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button