МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Лични карти не се издаваат повеќе од 20 дена

МВР на Спасовски е нефункционално, лични карти не се издаваат и повеќе од 20 дена, реагираат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиската реакција меѓудругото се додава:

Ова е дебакл на системот за кој виновна е власта. Спасовски со нефункционалноста на МВР и неиздавањето на лични карти го крши и Законот за лична карта кој јасно пропишува во својот чл.12 дека личната карта се издава во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето за издавање.

Кој ќе одговара и дали воопшто некој ќе понесе одговорност затоа што се крши законот? Уште поважно кој ќе им ја надомести штетата на граѓаните кои не можат слободно да стапат во правен промет затоа што системот не е способен да им издаде лична карта согласно законски утврдениот рок?

Време е неспособните да си одат. Време е за Македонија за сите луѓе!

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button