ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ не предложила членови во работната група за Изборниот законик

Преговорите за новиот изборен законик, кои се најавија за почетокот на мај, се уште не се започнати. Министерот за правда Никола Тупанчевски тогаш најави дека ќе достави писмо до политичките партии, невладините организации, институциите и другите фактори да станат дел од овој процес. Сега Тупанчевски вели дека најавата не е заборавена.

Партијата која се уште не ги доставила имињата на своите претставници кои ќе учествуваат во овој процес е ВМРО-ДПМНЕ. Алсат упати прашања до опозициската партија, но не доби одговор. Од оваа партија претходно изјавија дека ќе бидат дел од овие преговори и ќе ги кажат своите барања.

Сегашниот Изборен законик што е на сила претрпе над 30 измени од неговото првично изготвување. ОСБЕ-ОДИХР долго време инсистира на нов изборен закон кој ќе ги вклучи препораките на оваа меѓународна организација за набљудување на изборите.

Отворените листи, гласањето на дијаспората, финансирањето на изборната кампања и мониторингот на медиумите се меѓу отворените прашања во изборниот процес во земјава, кои треба да се решат.

 

Луме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button