ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи проектот за изградба на нов клинички центар

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи проектот за изградба на нов клинички центар, изјави денеска партискиот портпарол, Наум Стоилковски, одговараќи на новинарско прашање, поврзано со законот за изградба на нов клинички центар.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да даде амин на проект на најкриминогената власт до сега во Македонија. Нема да даде амин на најкриминогениот министер чиј што тендери се скандалозни и се објавуваат секојдневно оттука од оваа прес сала. Ова е петта година како СДСМ замајува со темата Клинички центар. Ова е обид за бегство од темата поврзани со состојбите во здравството, ова е обид за бегство од темата наречена вакцините, скандалот со справувањето со цела криза во сите овие месеци, овие година дена, истакна тој.

Според Стоилковски Венко Филипче турка проекти во кои што најголем дел има тендерски постапки кои што се скандалозни и со големи можности за корупција.

-За сето ова време додека ги туркаше овие тендери можеше да изгради два клинички центри, не еден во Скопје. Срамота е сега да се перат со молби до пратениците од опозицијата. Во интерес на граѓаните ќе беше да го имаа изградено Клиничкиот центар кој што им беше оставен или оној кој што го ветуваа во предизборието уште пред пет години. Пет пати го ветуваат, немаат ништо од Клинички центар во Скопје. Сега во интерес на граѓаните е да не им се дозволи уште половина милијарда задолжени евра во рацете на оваа криминогена власт.Треба да им е јасно, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во криминал, со самото тоа што на најкриминогената скандал до скандал власт во Македонија да и овозможи над половина милијарда евра на граѓаните, само врз база на закон на неколку листови, потенцираше тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button