ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Пендаровски за само неколку дена, го смени ставот за референдумот

ВМРО ДПМНЕ: Пендаровски за само неколку дена, го смени ставот за референдумот

Изјавата на претседателот на државата по прашањето за референдумот, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ја оценува како драстична промена на ставовите и биполарно политичко однесување. Од партијата на Мицкоски посочуваат дека Пендаровски покажува дека нема политички капацитет туку се води од теснопартиски интереси.

Ваквата реакција доаѓа по последната изјава на претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој рече дека не го разбира барањето на опозицијата за референдум, нарекувајќи го манипулација на Мицкоски.

Пендаровски пред неколку дена истакна дека доколку опозицијата излезе со искрена формулација на прашањето, сите политички партии треба да излезат на референдум, а не да бојкотираат.

„Ако некој не разбира дека овој билатерален договор и тој со Грција се оската по која продолжуваме кон Европа и сака тоа да го нема, почесно е референдумското прашање да гласи: Дали сакате да одите во ЕУ под овие услови? Без спомнување договори , точки. Опозицијата треба да излезе со искрена формулација и ако е така прашањето, сите партии да излезат на референдум и да не бојкотираат“, рече Стево Пендаровски.

Од владејачката партија го повторуваат ставот дека ВМРО-ДПМНЕ и „Левица“ останале сами против ЕУ и дека нивните обиди да ја изолираат државата нема да успеат.

„Денес, освен Апасиев и проруската партија „Левица“, веќе никој не верува во лагите на Мицкоски, а уште помалку никој ја поддржува идејата за референдум, кој служи само за лична внатрепартиска употреба“, велат од СДСМ.

Во моментов траат консултациите со експерти за методологијата, форматот и прашањето за референдумот што ќе го иницира опозицијата. Од партијата на Мицкоски велат дека кога ќе има нешто конкретно, јавноста ќе биде навреме информирана./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button