ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ писмено побара да се расправа за снимката на Џафери

ВМРО-ДПМНЕ поднесе писмено барање за свикување седница на Комисијата за деловнички прашања, на која би се расправало за прекршување на Етичкиот кодекс од страна на спикерот Талат Џафери. Иницијативата е покрената поради снимка, на која се слуша како спикерот користи вулгарен речник. Претседателот на оваа собраниска комисија, пратеник Панчо Минов, вчера за Алсат кажа дека ваква седница ќе свика веднаш штом добие писмено барање.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Џафери го прекршил Етичкиот кодекс, вршејќи мобинг над вработените и доколку Комисијата тоа го утврди, Џафери може да се соочи со јавна опомена, суспензија од учество во работно дело или еден месец забрана за претседавање со работно тело. Досега ниту Џафери, ниту неговиот Кабинет се немаат произнесено со коментар за снимката.

„Најмалку четири пратеници од нашата пратеничка група биле сведоци, за жал, на овој немил настан, биле внатре во самата просторија, каде што на еден вулгарен и недоличен начин претседателот Џафери ги понижувал и им вршел притисок на вработени во службата на Собранието. Истите тие пратеници ќе бидат расположени да посведочат кога ќе закаже господинот Минов ваква Комисија за оваа тешка повреда на Етичкиот кодекс“, рече Милошоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button