ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ почна активно да го блокира Собранието

Со транспаренти и плакати ВМРО-ДПМНЕ го формираше својот фронт пред говорницата на Собранието за да го означи почетокот на активната блокада на законодавниот дом. Опозициската партија се надева дека на овој начин ќе ја натера власта да прифати предвремени избори.

„Ако блокирањето на Собранието за вас е национален спас, тоа ќе го ценат граѓаните што не донесоа овде и оние чиј дом е Собранието. А Собранието не е ниту моја, ниту ваша куќа. Ова е дом на граѓаните. Ако мислите дека така треба, продолжете активно да блокирате“, изјави Талат Џафери- претседател на Собранието

Мнозинството се противи на чекорот на опозицијата за кој велат дека е спротивен на интересите на граѓаните.

Мнозинските партии не ја исклучуваат можноста да го користат знамето на ЕУ во предложените закони што ќе дојдат од владата за да се осигураат дека одредени закони нема да бидат блокирани.

„Блокирањето, бојкотирањето, саботирањето и оневозможувањето на функционирањето на државните институции, пред сè на Собранието, не е вистинското решение. Земјата ја има постоечката законска рамка и во согласност со позитивните правни норми на земјата, секако дека ќе продолжиме да работиме, изјави Арбер Адеми, координатор на пратеничката група на ДУИ

„Легитимно право на секоја политичка партија е да постапува онака како што мисли дека и е најпријатно. Мислам дека блокирањето на Собранието со барањето за предвремени избори не соодветствува со реалноста. Мислам дека се прави преседан што ќе не води на избори на секои шест месеци, изјави Скендер Реџепи, Алтернатива

Пратениците од мнозинството бараат пратениците кои блокираат да ги вратат платите кои, според СДСМ, изнесуваат 40 илјади евра месечно. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да ја бојкотираат работата на Собранието, туку ќе бидат таму за да ги блокираат штетните закони. Кон активната блокада се приклучуваат и двајцата пратеници на Движењето Беса, но не и оние на Алијанса за Албанците. ВМРО-ДПМНЕ нема рок до кога може да трае блокадата. Одлуката дојде откако лидерите на владејачките партии одбија да се состанат за да распишат предвремени избори. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button