ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ повторно излезе со нови обвинувања за скандалот „Мафија“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Милошоски изјави дека покрај босовите на светската мафија, Министерството за внатрешни работи во 2018 година издало лажни пасоши на припадници на терористичката организација ИСИС. Според Милошоски, ова ја загрозува безбедноста на земјата, регионот и интересите на НАТО и ЕУ, затоа министерот Спасовски треба да си даде оставка.

Владата ги негираше обвинувањата на Милошоски, нагласувајќи дека очекува Обвинителството да ја „расчисти“ саботажата на ВМРО ДПМНЕ.

„Тоа е брутална лага која има за цел да ја манипулира јавноста, да спречи откривање на случајот до крај и да го наруши имиџот на институциите, кои на посветен и успешен начин се соочуваат со секаков вид на кривично дело.

СДСМ ги повтори контра- обвинувањата дека зад скандалот се крие ВМРО ДПМНЕ. Владејачката партија очекува независна истрага од институциите, по што секој што го прекршил законот ќе одговара.

Инаку, безбедносните експерти предупредија дека скандалот со над 200 лажни пасоши со кои за меѓународни криминалци се заканува со враќање на визниот режим во врска со Шенген- зоната.

Anesa Salihu

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button