ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ продолжува да го промовира ребрендирањето и новиот слоган на партијата

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го промовира своето ребрендирање и новиот слоган на партијата, но сепак не открива детали од партиската платформа. Лидерот на партијата Христијан Мицковски преку социјалните мрежи објави дека ВМРО ги менува боите на паертијата.

„Партиските бои сите добро знаете се црвена и црна. А државните црвена и жолта. Овие три бои се симбол на нашиот патриотизам и тие нè обединуваат сите. Ова се јасните бои на Македонија и ВМРО, но и помеѓу постојат повеќе нијанси, коишто опфаќаат повеќе категории на луѓе. Затоа трите бои на патриотизмот прераснуваат во осум кои исто така се патриотски, се со цел да претставиме дека помеѓу нас некогаш може да има разлики, но кога Македонија е во прашање, сите сме едно и сите сме на браникот“, изјави Христијан Мицковски, ВМРО-ДПМНЕ.

Другите партии реагираа на ребрендирањето и новиот слоган на ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ не се менува во суштина, бидејќи продолжува со својата деструктивна и политика на блокади.

Од ДУИ велат дека не ги коментираат внатрешните работи на политичките партии, бидејќи тоа е нивна работа. Додека од Алијанса за Албанците и Алтернатива велат дека новите постапки на ВМРО-ДПМНЕ не оставаат многу простор за коментар.

„Тоа е нивен избор, нема многу простор за коментирање. Ние сме повеќе ориентирани да ги коментираме политичките активности на политичките партии“, велат од AА-Aлтернартива.

Движењето БЕСА оценува дека е важно за ВМРО-ДПМНЕ да го смени политичкиот менталитет, бидејќи како што нагласуваат, доколку ВМРО не го смени менталитетот, ребрендирањето нема да има никакво значење. На 31-годишнината од основањето, ВМРО-ДПМНЕ ја објави одлуката за ребрендирање на партиските бои, како и новиот слоган „Македонија за сите луѓе“.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button